(ВИДЕО) Јанчев: Бев на трибината на СДСМ за доброто на општината и граѓаните
31-10-2019 РЕГИОН

„Наместо да седиме дома и само да критикуваме, потребно е да соработуваме со власта, независно кој од која политичка партија доаѓа. Само така општината може да оди напред, а граѓаните да чувствуваат подобрување на условите“. Вака градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, одговара на бројните коментари за синоќешното негово присуство на трибината на СДСМ во Кавадарци.

 

Тој ги отфрла шпекулациите дека преминува во СДСМ, и вели дека на трибината присуствувал исклучиво како градоначалник на Кавадарци, каде истата се одржуваше.

 



Share

Додади коментар