(ВИДЕО) Шест дена пазар во Кавадарци - градоначалникот ја објаснува оваа новина
02-05-2018 РЕГИОН

 

 

Наместо три, во Кавадарци шест дена во неделата ќе работи градскиот зелен пазар.

 

На последната седница на кавадаречкиот совет градоначалникот Митко Јанчев даде образложение на оваа новина, која ќе започне да се применува од 8 мај годинава.

 

Како што одлучи советот, работното време на пазарот ќе биде од 06 до 16 часот, секој ден, освен понеделник.

 

Воведувањето на новиот работен режим на градскиот пазар наместо досегашните три (среда, петок и недела) на шест дена во неделата (вторник-недела) е донесен со одлука на Советот на Општина Кавадарци.

 

            Промена има и во работното време на пазарот кое сега во деновите на работа ќе биде во периодот од 06:00 часот до 16:00 часот.

 

            Советот на Општина Кавадарци ја усвои и одлуката со која се воведува и нов ценовник според кој продавачите ќе плаќаат за користење на тезгите под закуп.    

                  

            Градскиот зелен пазар е во надлежност на Јавното претпријатие „Комуналец“ Кавадарци кое ќе треба да го спроведе новиот режим на работа.

 

            Општината со воведувањето на новиот режим за работа очекува порационална искористеност на градскиот пазар пред се во функција на граѓаните кои традиционално свежите земјоделски производи ги купуваат од зелениот пазар.                       

A.Д

 



Share

Додади коментар