(ВИДЕО) Четврта вонредна седница на кавадаречкиот совет
31-07-2018 РЕГИОН
Едногласно советот на општина Кавадарци ја усвои одлуката со која се дава гаранција за задолжување на ЈП Комуналец Кавадарци. Заемот кој ќе биде земен, објасни директорот на Комуналец, Ѓоко Поп- Ицов е исклучително поволен, а ќе биде наменет за реконструкција на водоводната и канализационата мрежа.
Едногласно советот даде овластување на градоначалникот за потпишување на договор за финансирање на програмата за водовод и канализација, фаза, чекор 2 кој се однесува на договорот за заем склучен во 2009 година. А.Д
снимка од 4-та вонредна седница на советот на општина Кавадарци
Додади коментар