(ВИДЕО) Целосно се реновира вториот кат од интернатот во Кавадарци
08-05-2017 РЕГИОН

 

Целосно се реновираат собите и ходниците на вториот кат од ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ во Кавадарци. Реконструкцијата е финансиски подржана од министерството за образование со околу 5 милиони денари. Денеска ученичкиот дом го посети градоначалникот Александар Панов и најави дека и општината ќе издвои финансии од својот буџет за замена на старите со нови душеци.

 

Директорката на интернатот, Трајанка Толова очекува пред почетокот на новата учебна година зголемен број на ученици кои ќе имаат сместување во далеку подобри услови.

 

Советникот во кавадаречкиот совет Ристо Сакалиев како ученик ги користел услугите на ученичкиот дом. Пред камера кажа дека во минатото условите биле многу подобри споредено со приватното сместување. Тој рече дека како советник ќе подржи општината да ја помогне обновата на душеците.

 

Ангел Данов

 



Share

Додади коментар