(ВИДЕО) Фондацијата „Никола Јанчев“ додели на училиштата 120 прочистувачи
19-12-2018 РЕГИОН

 

 

Околу 3500 основци од Кавадарци, најдоцна до понеделник во своите училници ќе имаат прочистувачи на воздух. Прочистувачите ги обезбеди фондацијата „Никола Јанчев“, а денеска директорката на компанијата „Кожувчанка“ и на фондацијата, Јанинка Чупаркоска ги додели прочистувачите на директорите на училиштата.

 

„Целта ни е хуманоста. Пред неколку месеци доделивме 36 стипендии на основци, средношколци и студенти.“ рече Чупаркоска и нагласи и дека и во иднина фондацијата ќе се води од нивната стратешка цел.

 

Фондацијата ги донира овие прочистувачи денеска, по повод верскиот празник Свети Никола. Вредноста на уредите е 36 илјади евра. Градоначлникот Митко Јанчев, кој присуствуваше на доделувањето, истакна дека најголем дел од средтвата за оваа донација се од неговата градоначалничка плата која што ја донира во фондацијата, но и средства од нивната компанија.

 

Директорите имаат обврска прочистувачите да ги стават во функција најдоцна до понеделник.

 

Од името на учениците и родителите благодарност за вредната донација упатија директорите на училиштата.

 

А.Д

 

 

целосно видео од доделувањето на прочистувачите

 

 

 

 

 

 



Share

Додади коментар