(ВИДЕО) Уште една зграда во Кавадарци доби термофасада
28-03-2017 РЕГИОН
Во завршна фаза е термофасадата на зградата над полицијата во Кавадарци. На овој проект повторно заеднички работат општина Кавадарци и Хабитат Македонија. Денеска градоначалникот Александар Панов беше на увид на градежните активности. Во изјавата за медиумите Панов нагласи дека на вакви проекти ќе се работи и во наредниот период, бидејќи имало голем интерес кај станарите.
Претставникот на Хабитат Македонија искажа задоволство од досегашната соработка со општина Кавадарци.
Денеска на градежниците им помагаа средношколци од Македонија, Србија и Хрватска. Учениците се вклучија во овој проект да волонтираат по нивно барање. Денеска имаа можност на терен да покажат што научиле.
А.Д
Додади коментар