Повеќе од 20.000 првачиња во земјава седнаа во училишните клупи во новата 2017/2018 година, која место традиционално на 1 септември, со одлука на Министерството за образование и наука започна денеска. Во средните училишта, пак, се запишани вкупно 17.364 ученици во прва година.
Министерката за образование Рената Тренеска-Дескоска вели дека се повеќе опаѓа борјот на деца кои што се запишуваат и во средното образование и покрај тоа што е задолжително, што укажува на трендот кој што постоел на иселување на млади луѓе од Македонија. – Се надеваме дека процесот на иселување на младите ќе запре. МОН ќе преземе реформи кои што ќе значат враќање на квалитетот на образование и правење на образовниот систем во Македонија атрактивен за учениците како би останале тука и би го продолжиле своето образование – изјави министерката.
По околу триста и четириесет ученици тргнаа во прво одделение и во прва година средно училиште во Кавадарци. Советничката за образование Зорица Вчкова денеска информираше дека училиштата се подготвени за почетокот на новата учебна година.
А.Д
Додади коментар