(ВИДЕО) УСАИД со нов проект за микро, мали и средни претпријатија
31-01-2018 РЕГИОН

 

Проектот за развој на деловниот екосистем на УСАИД кој веќе два месеци се реализира во земјава денеска беше претставен и пред бизнис секторот во Кавадарци во просториите на бизнис-информативниот  центар.

 

Станува збор за проект кој ќе ја трансформира конкурентноста на микро, малите и средни претпријатија во Македонија преку зајакнување на деловните услуги, финансирањето и пазарните врски за да катализира значителен пораст на продуктивноста и вработувањата во приватниот сектор.

 

Со овој проект, како што истакна директорката на проектот Мирјана Македонска, ќе се создадат 5750 нови работни места, а просечната годишна стапка на раст за микро, малите и средните претпријатија е планирана на 15%, а се планира и раст на нивните приходи.

 

Домаќин на денешната презентација беше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој го нагласи значењето на овој проект и за претпријатијата во Кавадарци.

 

На презентацијата во Кавадарци беше нагласено дека во Кавадарци од година во година се намалува невработеноста, но компаниите се соочуваат со недостаток на работници.

 

Координаторот на проектот, Дејан Јаневски рече дека проектот е отворен и за големи проекти кои ќе донесат повеќе работни места.

 

Овој четири годишен проект кој ќе се реализира во земјава е со активности фокусирани на зајакнување на организациите за бизнис поддршка, помагање на приватните претпријатија во пристапувањето до финансии, развивање на бизнис врски меѓу компаниите за поттикнување на иницијативи за згоелмување на продуктивноста и повеќе вработувања.

 

 Компаниите во наредниот период можат да аплицираат со своите идеи и проекти до УСАИД, а оние компании кои ќе бидат подржани ќе имаат можност да учествуваат и во националната кампања за зголемување на свеста на приватниот сектор за активностите кои придонесуваат за развој на локалнта економија. Проектите ќе се кофинансираат по принципот 50:50.


Ангел Данов

 



Share

Додади коментар