(ВИДЕО) Трактор за комуналното претпријатие во Росоман
08-03-2019 РЕГИОН

 

Подобри комунални услуги за жителите на општина Росоман. Ова е главната цел на локалната власт. За таа цел започнат е процес на обновување на возниот парк на комуналното претпријатие.

 

Денеска општината со пари од Светска банка доби трактор кој ќе го користи јавното комунално претпријатие.

 

Градоначалникот, Бранко Јанев искажа задоволство од модернизацијата на возниот парк на ЈКП Росоман.

И директорот на Комуналното претпријатие во Росоман, Гоце Величковски најави подобри услуги за граѓаните.



Share

Додади коментар