Прв настан во рамките на денешниот ден во склоп на гроздоберските празнувања утринава во 9 часот беше собирот и ревијалното возење на Тиквешките Точакџии.
Тие се собраа пред црквата Света Петка од каде вкупно 81 велосипедист тргнаа кон браната Моклиште каде имаа мал одмор а потоа се вратија на градскиот плоштад. Меѓу тие 81 велосипедист имаше луѓе од различни старосни генерации но најбитно беШе дружењето.
По враќањето на градскиот плоштад овие рекреативци на две тркала се дружеа со свои пријатели кои истотака во Кавадарци пристигнаа на две тркала но моторизирани.
Стотина моторџии традиционално на секој гроздобер доаѓаат во Кавадарци се дружат ги посетија тезгите , кафулињата и скарите се освежија и одморија но најважно од се е честа што им ја направија на Кавадарчани на овој нивен празник. Секоја чест , капа долу момци и РЕСПЕКТ
M.В
Додади коментар