Претседателот на советот на општина Росоман и тројца советници го обвинуваат градоначалникот Бранко Јанев дека за да го спроведел своето самоволие, вовел медиумски мрак. Тие денеска на прес конференција рекоа дека Јанев не сакал да спроеведе и неколку клучлни одлуки, кои поминале на совет, а биле од интерес за сите жители на општината.
„Уште од самото доаѓање не направи ништо да створи атмосфера за соработка со нас советниците. Ваквата ситуација ја направи за да биде раштиман советот, а тој како градоначалник да може постојано да ги обвинува советниците се со цел да го покриен неговото самоволие и неговото неработење. Ние советниците донесовме клучни одлуки кои се од витален интерес за граѓаните, а градоначалникот до ден денес се уште не ги спроведе и води инает“ рече претседателот на советот Марионка Печевска.
А.Д
Додади коментар