(ВИДЕО) Со грант од Кралството Норвешка СОЗШУ „Ѓорче Петров“ стана енергетски-ефикасно
03-03-2020 РЕГИОН

СОЗШУ „Ѓорче Петров“ Кавадарци ја подобри енергетската ефикасност со грант од 80 илјади евра, доделен од Кралството Норвешка.

 

Со извршените градежни работи на фасада и покривот значително се подобри енергетската ефикасност на учичиштето изградено во 1956 година, а 250 ученици добија подобри услови за настава.

 

На училишната зграда инсталирани се 1200 м2 термо-изолациона фасада и се изврши промена на 1500 м2 азбестен кров. Градежните работи се изведуваа во изминативе четири месеци.

 

 Денес училиштето го посетија амбасадорот Јерн Јелста и градоначалникот Митко Јанчев.

А.Д

 



Share

Додади коментар