„Ние како вработени знаеме дека условите за стечај се креирани вештачки. Компанијата е во добра кондиција и спремна за производство. На светските Берзи цената на никелот расте и кога Беше обезбедена поевтина електрична енергија банките одлучија да покренат стечај дури и за побарувања кои не се достасани. Доколку има друг поповолен инвеститор за кој што Банките само шушкаат, нека го повикаат на рочиштето үтре во Велес и согласно законот со обезбедени гаранции нека го сопре овој процес низ законска постапка, ама таков нема. Апелираме и до УЈП, како и до пред стечајниот управник и надленжниот суд во Велес, да ја одобри исплатата на заостанатите плати од повратот на ддв, за што е веќе испратено Барање и очекувалде одговор, се надеваме со истата Брзина со која се подготвуваа документите за да Фени отиде во стечај“ рече меѓу другото на прес конференција претседателот на синдикалната организација во „Фени“, Ѓорѓи Палитов. Тој даде одговор и на нашите прашања, дали е одржана средба со Кацаров од Енекод, дали УЈП ќе ги врати парите што по основ на ДДВ ги должи на компанијата и до кога ќе се чека исплата на заостанатите плати.
А.Д

Додади коментар