„Граѓаните осиромашуваат, а функционерите на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци се богатат“ обвини на денешната прес конференција претседателот на ОО на СДСМ Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев и објави нови информации.
(интегрален текст од прес конференцијата)
Додека јавноста чека одговори за становите во Скопје и Кавадарци на претседавачката на совет, Горица Пеливанова и советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Златко Ташев, објавуваме нови информации за богатството на функционерите на власт.
Советничката од ГРОМ, Божанка Минова се стекнала со имот, стан во Скопје во вредност од 120 илјади евра.
Директорот на Водостопанство Тиквеш, Љубе Димов, купил стан во Скопје во вредност од 90 илјади евра, како и овоштарници во Чичево. Но, Димов не го пријавил овој имот во анкетниот лист.
Директорот на ЈП Комуналец Кавадарци, Илија Атанасов пред изградбата на својата хациенда во Моклиште со помош на работна рака од вработените на Комуналец, си купил и стан во Скопје во вредност од 40 илјади евра.
Техничкиот директор на Водостопанство Тиквеш, Илија Темелковски со живеалиште во с. Сопот, исто така се стекнал со стан во Кавадарци во вредност од 24.500 евра.
500 илјади граѓани во Македонија што живеат на работ од сиромаштијата прашуваат како функционерите на ВМРО-ДПМНЕ успеале да заштедат илјадници евра?
Државната комисија за спречување корупција има обврска да ја провери имотната состојба на овие лица и да превземе соодветни законски мерки.
На 11 декември граѓаните ќе им кажат збогум на корумпираните и истрошени политичари од ВМРО-ДПМНЕ и ќе изберат чесни, одговорни и способни луѓе кои што ќе донесат подобар живот за сите.

Додади коментар