На прес конференција од ОО на СДСМ Кавадарци информираа дека деновиве биле исплатени субвенции на 544 овоштари и на 252 лозари за одржување на лозови насади.
(интегрален текст од прес конференцијата) „Уште во првите два месеца од новата реформска влада предводена од СДСМ, граѓаните ги чувствуваат промените и придобивките што беа најавени во текот на изминатиот период.
Деновиве беа исплатени субвенции на 544 овоштари и на 252 земјоделци за одржување на лозови насади. Во завршна фаза е обработката на решенијата за исплата и на останатите субвенции за 2016 година и во најбрз можен рок ќе се исплатат и останатите заостанати субвенции. СДСМ докажува дека зборот е збор и сите земјоделци кои немаат добиено субвенции досега, за кратко време ќе ги имаат.
Дополнително, ги потсетуваме земјоделците дека во тек е аплицирањето за субвенции за новата реколта. Последниот рок за аплицирање е 15 септември.
За разлика од ВМРо-ДПМНЕ ние нема да ги делиме субвенциите врз партиска, пријателска или роднинска основа, туку врз основа на законските прописи и регулативи.
Согласно програмата, Владата на Република Македонија продолжува со остварување на зацртаните мерки и проекти кои ќе овозможат подобар живот на сите граѓани.
Додади коментар