(ВИДЕО) Свеченост во кавадаречката полиција по повод 7 ми мај - денот на македонската полиција
07-05-2018 РЕГИОН

 

Со пригодна свеченост денеска во полициска станица со општа надлежност Кавадарци беше одбележан денот на македонската полиција, 7 ми мај.

 

На свеченоста присуствуваа вработени во полицијата, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, директори на институции.

За работењето на кавадаречката полиција пред присутните говореше командирот Сашко Димовски.

 

 

„На сите колеги да им го честитам празникот на македонската полиција 7 ми мај. Во изминатата година полициската станица од општа надлежност  Кавадарци на цело  подрачје кое го покрива, и покрај обемноста во работата со многу обезбедени јавни собири, спротски и културни манифестации, локални избори, успешно се справуваше со сите проблеми од безбедносен карактер со навремено планирање и реализирање на сите активности за спречување на нарушување јавен ред и мир и превземање мерки за расветлување на сите случаи.

За сите успеси сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги кои придонесоа за ваквата состојба со нивниот несебичен ангажман, посветеност и професионалност. Нашата основна цел е да ја обезбедиме безбедноста на секој наш граѓанин како и нивниот имот. Со почести контакти со граѓаните и превземање на сите превентивни акции и едукации, полицијата се стреми да стане полиција блиска до народот. Безбедноста и сигурноста на граѓаните да биде што поголема, а со тоа и Кавадарци што побезбедно место за живеење“ рече Димовски и се заблагодари за соработката на сите институции, владини и  невладини организации.

 

A.Д

 



Share

Додади коментар