(ВИДЕО) Свечено отворање на ладилникот на „Слога“
02-09-2017 РЕГИОН

 

Ладилникот со јавен царински склад сопственост на компанијата „Слога“ од Кавадарци од денеска е во функција. Свечено беше отворен објектот чија изградба започна пред oколу две години. Целиот проект е составен од три дела, односно 4700 м2, од кои моментално е изграден првиот дел со квадратура од 1600 м2.

 

Ладилникот содржи седум комори кои функционираат на температура од +4 до -25 степени Целзиусови, со вкупен капацитет на складирање од 1200 тони замрзната и разладена стока.

 

Ласко Јованов, еден од сопствениците на овој објект во изјава за КТВ нагласува дека станува збор за инвестиција реализирана со сопствени средства.

 

На денешната свеченост беше изразена благодарност и до сите вработени во Слога Пром кои со своето верно и лојално работење дале придонес во развој на самата компанија и реализација на овој проект. На отворањето присуствуваа голем број претставници од бизнис заедницата и бизнис партнери на Слога.

Ангел Данов

 



Share

Додади коментар