(ВИДЕО) Роберт Бешовски од денеска е градоначалник на општина Градско
06-11-2017 РЕГИОН

 

Денеска свечено им беа доделени уверенијата на новоизбраните советници и на новиот градоначалник во општина Градско. Уверенијата им ги врачи претседателот на општинската изборна комисија Мери Седмакова Димовска порачувајќи им успешна работа во четири годишниот мандат.

 

Успешна работа и делување пред се во интерес на граѓаните на Градско  советниците им посака и новиот градоначалник Роберт Бешовски. Советот  ќе го сочинуваат 4 советници на СДСМ, 3  од ВМРО-ДПМНЕ и 2  независни.

 

Од важност при донесувањето на одлуките ќе биде секој глас, но се шпекулира дека преговори има па можно е и преминување на независните советници дали кај едната или другата партија зависно од тоа што се бара и што е прифатливо. По чинот на доделувањето на уверенијата следуваше и примопредавање на градоначалничката функција. И понатаму отворена за соработка со локалната самоуправа и градоначалникот останува поранешната градоначалничка Жанета Чаушевска.

 

Новиот градоначалник Роберт Бешовски уште еднаш вети дека ќе работи во интерес на граѓаните. За него приритет ќе биде проблемот со водоснабдувањето.

 

Првата седница на новиот совет на општина градско се очекува да биде закажана во текот на оваа седнима. Истата ќе биде конститутивна.

 

Милица Младенова

 



Share

Додади коментар