(ВИДЕО) Противпожарна показна вежба во музичкото училиште во Неготино
19-05-2017 РЕГИОН

Во основното музичко училиште „Владимир Арсовски“ во Неготино денеска беше изведена показна вежба за извлекување на учениците и наставниците во случај на пожар.

 

Со оваа акција противпожарната единица во Неготино го одбележаа 20 мај – денот на пожарникарите.

 

Вежбата ја следеше и градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов кој оцени дека истата била мошне успешна.

 

За успешна денешната вежба ја оценија и командирот на ТППЕ-Неготино Иле Илиев и директорката на училиштето Менка Богоевска.

 

А.Д

 



Share

Додади коментар