(ВИДЕО) Проект за подршка на децата со аутизам подржан од општина Кавадарци
25-01-2018 РЕГИОН

 

Општина Кавадарци од вчера започна да го реализира проектот за поддршка на децата со аутизам. Овие деца ќе имаат спортски активности два пати во неделата со професор по физичко образование и еднаш неделно ќе го посетуваат ОМБУ „Лазо Мицев Рале“.

 

Раководителот на секторот за локален економски развој при општина Кавадарци, Тодор Ефремов во изјавата за медиумите нагласи дека ова е само почеток на реализација на програмата за социјална заштита. Со овие чекови, додава Ефремов сакаме да ја поттикнеме свест кај граѓаните за целосно прифаќање на овие деца.

 

Проектот се реализира по иницијатива на родителите, а со подршка од општината.

А.Д

 



Share

Додади коментар