Машина за автоматско одбележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација набави јавното претпријатие Комуналец од Кавадарци, со што бележењето на пешачките премини, коловозните ленти и паркинг местата ќе се извршува на софистициран начин. Набавено е и ново товарно возило кое ќе помогне во пружењето на услуги.
Денеска во посета на ЈП Комуналец беше градоначалникот Митко Јанчев кој најави дека и во наредниот период ќе пристигнуваат машини и возила за комплетирање на возниот парк. Опремата која денеска беше претставена пред јавноста е со вредност од околу 50 илјади евра.
Новата машина за одбележување на хоризонталната сигнализација е од големо значење, рече директорот на Комуналец, Ѓоко Поп-Ицов и најави дека и за управување со истата ќе се изврши едно неделна обука.
A.Д
Додади коментар