(ВИДЕО) Проблемите во лозарството на состанок во Кавадарци - приустуваше и министерот за земјоделство
04-06-2018 РЕГИОН
Исплатата на грозјето од реколтите 2016 и 2015 беа дел од темите на кои се разговараше на состанокот кој се одржа во Кавадарци, а на кој покрај домаќинот, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев присуствуваа министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, директорот на платежната Агенција, директорот на земјоделскиот инспекторат и градоначалниците на Неготино, Тони Делков и на Росоман, Бранко Јанев и претседателот на здружението на лозари.
По завршувањето на состанок изјави за медиумите дадоа градоначалниците и претставникот на лозарите.
А.Д

Додади коментар