(ВИДЕО) Пробиени се 70 отсто од трастата на експресниот пат Градско - Прилеп
18-10-2016 РЕГИОН

Увид при градежните работи на експерсниот пат Градско Прилеп денеска изврши министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Пробиени се досега 70 % од трасата, а инвестицијата ќе чини 31.милион евра.Втората поголема фаза е веќе започната најави Мисајловски таа ќе се работи со европската унија и комплетната инвестиција со оваа делница ќе изнесува преку 70 милиони евра.Во Македонија се работи на повеќе делници и сите работи течат според планираното, оцени министерот.

 

Задоволство од изградбата на овој експресен пат изрази и градоначалникот на општина Росоман Стојанче Лазов.Тој потенцираше дека не застанува ниту општината , со забрзано темпо се градат локалните патишта, рече Лазов.

 

Осумдесетина градежни работници и четириесет машини во моментот работат на оваа делница. Преку неколку етапи планирани според проектот за 24 месеци Македонија ќе добие целосно нов експресен пат Градско Прилеп.

 

Милица Младенова

 

 



Share

Додади коментар