(ВИДЕО) Премиерот Заев на закројување во Неготино
14-02-2018 РЕГИОН

 

Симболично се закрои виновата лоза и во Неготино. И таму се одржа централна манифестација по повод празникот на лозарите и винарите Свети Трифун со која се заокружува „Неделата на виното“.

 

Премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство Љупчо Николовски беа гости на централната манифестација и во изјава за медиумите ги нагласија напорите што ги прави владата за подобрување на условите во лозарството.

 

Премиерот Зоран Заев денеска на празникот на лозарите од Неготино упати порака до земјоделците да гледаат партнер во владата што тој ја предводи. Тој беше гостин во Неготино на централната манифестација по повод празникот Свети Трифун. Им упати честитки и порака за бериќетна година.

 

„Во минатото немаше многу среќа за лозарите, имаше невреме, не беше платено навреме произведеното грозје, имаше доцнење на субвенциите. Јас сум среќен што можам овој старт на сезоната да објавам дека субвенциите се исплатени многу навремено, две недели пред самиот старт на сезоната, веќе почнавме разговори со винариите и откупувачите за да можеме да обезбедиме колку што е можно поповолна цена за лозарите оваа година. Очекуваме зголемена побарувачка зашто винариите се празни. Се надевам дека навистина ќе ги поклопиме сите моменти за да имаме среќни лзоари и зголемено производство“ рече Заев. Се надева дека владините мерки за дополнително субвенции за нови насади ќе дадат придонес за подобра иднина на лозарството. Премиерот најави дека ќе се бара сигурен пласман за грозјето.

 

„ Владата работи на обезбедување сигурен пласман, но секако ќе бидеме нивни партнер и во преговорите за цените. Оваа година стартуваме и со зелената нафта. Директно на еден огромен број земјоделски производители што ќе имаат до еден милион денари вкупен приход, ќе им биде вратен персоналниот данок и тоа ќе дојде токму на почетокот на наредната сезона што ќе му биде дополнителна субвенција. Да ги охрабрам нашите земјодлеци да ги работат нивите, да произведуваат и да сметаат на партнерството на Владата. За нас тоа значи зголемено производство, зголемен извоз, девизен прилив во државата, но значи и егзистенција на граѓаните на Република Македонија“рече премиерот и нагласи дека лозарството е многу важен дел од секојдневието во Македонија зашто повеќе од 18 илјади семејства живеат од лозарството.

 

И министерот за земјоделство Љупчо Николовски при денешната посета на Тиквешијата се осврна на новите мерки и политики на Владата за земјоделците. Нагласи дека е донесена национална програма за земјоделство и рурален развој за следните пет години.

„ Оваа година предвидуваме зголемување на субвенциите за сите лозари кои имаат меѓу еден и десет хектари лозови насади. Нашата интенција е да ги стимулираме да го модернизираат производството, односно да даваме уште поголема поддршка на категоријата на земјоделци кои навистина можат да го донесат развојот. Затоа предвидуваме дополнителни 20 отсто за оваа категорија да премине во уште поголема„, рече Николовски и ја спомене и подршката од 12 илјади денари за реконструкција на лозовите насади, односно обнова на сортите на грозје.

 

Николовски ја потенцира и подршката од државата за подигање на нови лозови насади.

 

„Пред десетина дена, беа исплатени околу 530 милиони денари во делот на лозарството и се се прават обиди годинава субвенциите да се исплаќаат во рамки на законските рокови.Оваа година исплативме субвенции кои се десет проценти поголеми од основните минатата година“ рече Николовски.

 A.Д

 



Share

Додади коментар