И годинава најголем број првачиња се запишани во ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ во Кавадарци, основно училиште кое опфаќа и најголем регион од градот. Училиштето денеска го посети градоначалникот Александар Панов. Најави дека за околу осум месеци во функција ќе биде новата спортска сала која се гради.
Годинава во прво одделение во ОО У „Тоде Хаџи Тефов“ се запошани 68 првачиња, информираше директорот Никола Нешкоски.
Весело беше и во ООУ„Гоце Делчев“ во Кавадарци. Првачињата беа со свеченост пречекани од своите наставници. Новиот почеток за нив им го честиташе директорката на училиштето, Весна Крстева.
И во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ најрадосни беа првачињата кои за прв пат седнуваат во училишните клупи. Успешна учебна година на сите ученици и на првачињата им посака и новиот директор на ООУ „Страшо Пинџур“, Ќире Крстев.
А.Д
Додади коментар