(ВИДЕО) Почнува комунална изградба во Росоман
19-05-2018 РЕГИОН

 

Комуналните изградби во општина Росоман започнуваат по реализацијата на готови успешни проекти, нивната апликација, одобрувањето и веќе добиените финансии. Принципот на работа е почеток, но откако се ќе биде добро дефинирано за да нема прекини или не завршени комунални активности, најави градоначалникот на општина Росоман Бранко Јанев.

 

Според Јанев, активностите почнуваат со 3 милиони денари за изградба на неколку улици низ повеќе населени места. Со дополнителни средства пак ќе се работи на крак од атмосферска канализација, ќе се дозавршува локалниот пат Камен дол Мрзен, а ќе се работи и на проети за изградба на канализации и водовод.

 

 

И во иднина начинот на работа ќе биде истиот. Можеби досега не бевме доволно активни, но начинот на кој функционираме е добро завршен план за реализација па потоа и резултати на терен, дециден е градоначалникот Јанев.

 

M.M



Share

Додади коментар