(ВИДЕО) Постигната е цената што ја бараа лозарите за смедеревката и вранецот
28-08-2018 РЕГИОН

 

13 денари за смедеревката и 15 за вранецот, тоа е постигнатата цена за откуп на двете најзастапени вински сорти на грозје. На прес конференција денеска претседателот на здружението „Напредни лозар“, Трајче Кулев искажа благодарност до градоначалниците на Кавадарци и Неготино и на премиерот за помошта во обезбедувањето на подобра цена за грозјето.

„Чест и задоволство ми е да соопштам дека ја постигнавме бараната цена. Лозаро производителите упатуваат голема благодарност до владата и премиерот Зоран Заев за новата одлука која ќе биде донесена на следната владина седница. Овие дополнителни субвенции се од голема важност за нашиот регион, каде што речиси целото население поседува лозови насади“ рече Кулев и нагласи дека ваквиот напредок и решавањето на проблемите се само показател дека Кавадарци и Неготино се движат кон вистинскиот пат.

Кулев, како претседател на здружението им посака успшна берба на сите лозари.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, честитајќи го денешниот голчем празник, Голема Богородица исто така информираше за постигнатата повисока цена за смедеревката и вренецот.

„  Се надевам дека оваа одлука ќе биде донесена и ќе значи многу за нашиот регион“ рече Јанчев и ги повика кавадарчани за време на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ која ќе биде организирана на едно повисоко ниво  да го покажат своето гостопримство.

 

 

„Очекувам граѓаните да бидат стрпливи во однос на затворените улици за сообраќај и користењето на возила само во неопходни ситуации со што ќе се помогне за полесно функционирање на целата општина и секако непречено одвивање на големиот гроздобер. 7-ми, 8-ми и 9 - ти септември Кавадарци нека биде пример  за тоа како се пречекуваат гости и нашата општина нека биде место во кое ќе се слави традицијата и ќе се гордееме со виното, ракијата, маџунот и другите производи од грозје, за кои преку цела година кавадарчани напорно работат“ нагласи градоначалникот на Кавадарци.

„Дополнителниот еден денар субвенции  како идополнитлните 8000 денари за хектар обработлива површина претставуваат голем придонес  за нашиот регион“ рече градоначалникот на Неготино, Тони Делков.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар