(ВИДЕО) Подобри услови на градскиот стадион во Кавадарци
19-04-2017 РЕГИОН
„Од општинскиот буџет во периодот од 2013-2017 според прогрмата за спорт и млади обезбедени се 15.200.000 денари.од овие средства на спортските клубови и здруженија се исплатени 11.180.000 денари. Останатите се вложени во проекти, турнири и манифестации. во 2017 година 1 милион денари се наменети за реконструкција на оградниот ѕид на градскиот фудбалски стадион, санирање на северната трибина со обнова на оштетениот бетон, псотавување на дрвени седишта“ информираше денеска градоначалникот Александар Панов кој беше во посета на градскиот стадион.
Од ФК Тиквеш искажаа благодарност за подршката од општината и нагласија дека се подобруваат условите за навивачите кои доаѓаат на градскиот стадион.
А.Д

Додади коментар