Секој млад кавадарчанец, кој од денеска ќе наполни 18 години од општината ќе добие книга насловена „Го сакам Кавадарци“ во која се содржани минатото и иднините планови на општината, како и скромни подароци. Денеска за овој проект информираше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој нагласи дека целата е младите да се запознаат со својот град, но и да останат во него.
Советникот за односи со јавноста во општина Кавадарци, Димитар Мурџев, кој е и дел од уредничкиот тим на книгата рече дека на овој начин младите ќе добијат многу повеќе факти за својот град.
Во издавањето на книгата „Го сакам Кавадарци“ учествуваа урендичкиот тим составен од Димитар Мурџев, Сузана Андоноски, Сања Крстиќ, Гордана Белевска-Мустафа. Користена е литература од историчарот Петре Камчевски, а фотографии од архивата на покојниот Бранко Ивановски, Петре Камчевски, Тони Коцев, Ристе Самарџиев, Димитар Мурџев, Ѓорѓи Голчев и фотографии сликани со дрон од Александар Ѓорѓиев. Дизајнот го подготвија Добре Петрушев и Петре Здравков.
А.Д
Претставници на општината веќе посетија двајца кавадарчани кои вчера наполнија 18 години, и едно лице што зачекори во полнолетството од село Дреново.
Додади коментар