На прес конференција денеска ОО на СДСМ Кавадарци ги покани своите членови, симпатизери и граѓаните на Кавадарци на предизборна трибина со кандидатот за претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
(интегрален текст)
По долгогодишното тапкање во место, Република Северна Македонија конечно чекори напред.
Чекориме напред кон стабилна, сигурна и економски просперитетна иднина, за нас и нашите семејства.
Стануваме 30-та земја членка на НАТО.
Ги отвараме преговорите со Европската Унија до крајот на оваа година.
Да не дозволиме оваа успешна приказна овде да запре.
Да не им дадеме нова шанса на оние кои десет години не држеа во изолација, да го кочат и понатаму просперитетот на нашата држава.
За таа цел ги покануваме граѓаните на општина Кавадарци, на девети април, Домот на културата „Иван Мазов-Климе“, со почеток од 20 часот, да присуствувате на граѓанска трибина со претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев.
Нам ни и потребна личност која ќе ја води државата напред и во периодот кој следи.
На Северна Македонија и потребен Стево за претседател.
Додади коментар