(ВИДЕО) Панов: „Училиштата во Кавадарци во топ форма“
01-09-2015 РЕГИОН
Во Кавадарци годинава бројот на запишани првачиња е помал споредено со минатата година. Годинава за прв пат во училипните клупи седна 335 првооделенци. Минатата година 392, а во 2013 година биле запишани 348 првачиња - информираше денеска градоначалникот Александар Панов и им посака многу успех на сите ученици.
Десет ученици помалку се запишани и во прва година во средните училишта во Кавадарци, споредено со минатата година. Од оваа учебна година за прв пат во склоп на СОЗШУ „Ѓорче Петров“ започна со работа спортска паралелка. Дваесетина ученици се запишани во прва година и ќе изучуваат кошарка.
А.Д

Додади коментар