(ВИДЕО) Отстранетото лого на „Фени индустри“ од општинската зграда напрви кавги во кавадаречкиот совет
31-05-2018 РЕГИОН

 

 Откако не ја доби потребната поддршка предлогот на советникот Блаже Тасев советот да расправа за отстранетото лого на „Фени индустри“ од пред општинската зграда започнаа кавгите на вчерашната седница на кавадаречкиот совет.

 

Тасев својот предлог го образложи со тоа дека „Фени индустри“ бил најголем донатор при реконструкцијата на градскиот плоштад и поради тоа пред неколку години било поставено пред општинската зграда, а од непознати причини истото е отстрането.

 

„ Според законските одредби за донации, поставувањето на логото на донаторот не претставува реклама, а Фени е најголемиот донатор за плоштадот со околу 15 милиони денари“ нагласи Тасев.

 

Градоначалникот Митко Јанчев го изнесе својот став и потенцира дека општинските стручни служби отсранувале се што било поставено на нелегален начин и без документ и дека во целата работа немало никаква тенденциозност.

 

„Во кое својство Советот и со кој легитимен закон ќе наложи да се стават букви на собраниската зграда. За тоа си има закон и простор за рекламирање. Соодветно се издава простор, врз основа на цена. Не може со одлука на Совет да се уредува рекламирањето на било кој правен субјект, рече Јанчев.

 

Тој додаде дека во договорот за донација, општината нема ниту законски, ниту морален услов, да го стави логото на донаторот на атрактивно место. Притоа нагласи дека локалната самоуправа има прекрасна соработка со сите правни субјекти во општината, а секој донатор има соодветен третман.

 

Претседателот на советот Ристо Сакалиев запраша зарем на општинската зграда треба да се рекламира загадувачка индустрија.

 

Советникот Ташо Радњански во својата дискусија забележа дека раководството на „Фени индустри“ го негира советот со тоа што немале свој претставник на седницата. „Потребна е средба со раководството да се расправа и за многу други прашања поврзани со Фени“ рече Радњански.

 

За координаторот на советничката група на СДСМ, Лазар Туриманџов не е оправдано отстранувањето на логото.

 

„Ако незаконски било поставено логото зошто никој не одговарал за незаконското рекламирање од осум години. Зошто не кажете кој го уништи Фени, кој го вршеше превозот во Фени“ запраша Туриманџов и потенцира дека советничката група на СДСМ ќе ја напушти седницата доколку не биде ставена оваа точка на дневен ред. Дел од советниците и ја напуштија седницата.

 

Ссоветникот Јосиф Стојанов предложи дополнителна точка и компромисно решение, на видни места да има табли на кои ќе бидат набројани донаторите на општината, но неговиот предлог не ја доби подршката.

 

Aнгел Данов

 

погледнете ја во целост 11-та седница на советот на општина Кавадарци.

 



Share

Додади коментар