СОЗШУ „Ѓорче Петров“ од Кавадарци денеска ги отвори вратите за полуматурантите, идни средношколци. Беше организиран отворен ден со цел учениците кои се на крстопат каде да го продолжат своето образование да се запознаат со условите кои се нудат во ова училиште.
Најнапред присутните ги поздрави директорот на училиштето кој потсети дека најдобрите ученици ќе добиваат и стипендија за школување од компании со кои соработува училиштето.
Лозаро-винарската и ветеринарна струка и од септември ќе биде достапна за новите средношколци.
Новина од новата учебна година е стартувањето на медицинско-фармацевтска струка.
Дрвопреработувачката струка и струката за пејсажна архитектура се дел од секојдневието и со голема иднина.
За учениците кои дојдоа да се запознаат со ова средно училиште беше организирана и богата наградна игра.
А.Д
Додади коментар