(ВИДЕО) Осветени два крста кои ќе се постават на храмот Свети Димитрија
27-04-2017 РЕГИОН
Напредуваат градежните работи за реновирање на храмот Свети Димитрија во Кавадарци. Таму денеска се изврши осветување на двата крста кои ќе бидат поставени на храмот. Со чинот на осветување чиноначалствуваше Митрополитот на Повардарската Епархија, г.Агатангел. Тој во изјава за КТВ нагласи дека е задоволен од текот на градежните активности и од целиот проект за реновирање на црквата со кој се овозможи значително проширување во внатрешноста бидејќи нема повеќе столбови.
Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов рече дека општината секогаш ги помага потребите на Повардарската епархија и е подготвена да се вклучи со финансиски средства и во реновирањето на храмот Свети Димитрија.
Ангел Данов

Додади коментар