(ВИДЕО) Општините од Тиквешијата заеднички ќе се справуваат со заматувањето на водата од Лукар
14-09-2016 РЕГИОН

Обилните врнежи од дожд со кои беше зафатена изминатава недела Тиквешијата повторно беа причина за заматување на водата од водоводниот систем Лукар, со која се снабдуваат жителите на Кавадарци, Неготино и Росоман.

 

Како што досега информираа надлежните, потребно е да се постават филтри кои ќе ја прочистуваат водата која влегува во водоводниот систем Лукар, при обилни врнежи.

 

Градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов информира дека трите општини, Неготино, Кавадарци и Росоман, заеднички работат на надминување на овој проблем, кој ќе чини околу 3 милиони евра.

 

А.Д

 



Share

Додади коментар