(ВИДЕО) Општината додели пет автоматски инвалидски колички
04-05-2018 РЕГИОН
Петмина кавадарчани кои се соочуваат со физички хендикеп од денеска ќе можат полесно да ги извршуваат своите секојдневни активности.
Општина Кавадарци од буџетот издвои финансии и годинава за набавка на автоматизирани колички.
Градоначалникот Митко Јанчев на денешното предавање на количките нагласи дека општината активно работи и за олеснување на секојдневниот живот на лицата со инвалидитет.
Претседателот на здружението „Мобилност“ од Кавадарци, Михајло Михаилов се заблагодари за донацијата и му предаде благодарница на градоначалникот Јанчев.
Додади коментар