ОИК Кавадарци денеска ги додели уверенијата на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и советниците. Претседателката на ОИК, Емилија Петровска истакна дека изборите во Кавадарци поминаа во фер и демократска атмосфера и им посака успешен четири годишен мандат на советниците и градоначалникот.
Јанчев упати благодарност за добиената доверба од граѓаните и нагласи дека целосно ќе се реализираат ветените проекти во изборната кампања. Тој од денеска го започнува вториот четиригодишен мандат.
Конститутивната седница на советот е закажана за во вторник.
Новиот совет на општина Кавадарци го сочинуваат:
советници од ВМРО-ДПМНЕ
1. СТОЈАНЧО РАМОВ | |
2. ТОНИ НЕШКОВСКИ | |
3. ВЕСНА ЃОРЃИЕВА | |
4. ПЕРО НИКОЛОВ | |
5. ДИМЕ КОЦЕВСКИ | |
6. МАРИНА КРСТЕВА | |
7. ФИЛИП ТАСЕВ | |
8. ГОРАН КУЗМАНОВСКИ | |
9. РАТКА РОСОМАНСКИ | |
10. РУЖИЦА РИСТОВ |
советници од СДСМ
1. ДИМЕ КОЦЕВ | |
2. ВАЛЕНТИНА БАЊАНСКА | |
3. ВУКО МЕЛОВ | |
4. ВЕСА БОГЕВА | |
5. ПАВЛЕ МАНЕВСКИ |
советници од ГИ Ристо Сакалиев
1. РИСТО САКАЛИЕВ | |
2. ЗОРАН СПИРОВ |
советник од Левица
1. КРУМЕ БОГЕВСКИ |
советник од ГИ Јован Златевски
1. ЈОВАН ЗЛАТЕВСКИ |
Додади коментар