Во домот на културата Иван Мазов Климе 70 години пензионерско организирање во Македонија одбележа здружението на пензионери Кавадарци. Јубилејот кавадаречките пензионери го славеа заедно со своите пријатели од пензионерските здруженија на Кочани и Лесковац Република Србија.
Кавадарци е убав град, а вие многу гостопримливи луѓе. Повелбата за соработка ја потпишавме кај нас сега еве и тука што значи долги години ќе соработуваат пензионерите на Кавадарци и Лесковац рече претседателот на здружението од Лесковац Братислав Здравковиќ Бата.
Претседателот на здружението на пензионери Кавадарци Ристо Анѓушев се обрати и пред присутните во домот на културата со што и офијцијално почна свечената манифестација. На истата потпишана беше и на македонски јазик повелбата, збратимувањето помеѓу двете здруженија Кавадарци и Лесковац. Разменети беа скромни подароци и сувенири, а потоа пензионерите уживаа во забавниот дел. Ора песни и игри.Преку фолклорната традиција здруженијата на Кавадарци, Кочани и Лесковац покажаа дека ја негуваат традицијата на својот народ.
М.М
Додади коментар