Проектот кој во предизборната кампања беше приоритет за градоначалникот Митко Јанчев од утре стартува и офцијално. Преку мој општинара граѓаните ќе имаат полесен пристап до општината, а таа брзо и полесно ќе ги решава проблемите. Девет лица во службена униформа ќе патролираат секој работен ден во својот определен реон и ќе ги регистрираат проблемите на граѓаните.
Нови вработувања нема, проектот ќе се реализира преку веќе вработени лица во општината на кој на располагање им се и три возила, како и таблети за електронско внесување на секој проблем. Истите по реонската обиколка, барањата и проблемите на граѓаните ќе ги доставуваат до надлежната општинска служба од каде следниот чекор е нивно решавање. Со „мој општинар“ не се укинува отворениот ден на градоначалникот, но се очекува темална анализа за секој проблем потенциран во истиот, информира градоначалникот Митко Јанчев.
Мој општинар како проект се очекува да даде само позитивни резултати. Во истиот зацртани се и казни и награди за општинарите од терен. Ако општинската администрација открие зтајување на истакнати проблеми од граѓаните, за таквата постапка ќе одговара надлежниот општинар за теренот од кој потекнува прблемот, во спротивно за општинарот кој ќе се покажа најдобар во својата работа ќе следува и награда, најави градоначалникот Јанчев.
Проектот Мој Општинар многу полесно ќе ги истакне комуналните проблеми на граѓаните. Се очекува истите да бидат најбројни меѓу барањата, а гис системот кој е следен чекор од проектот ќе донесе само брзо и полесно детектирање и решавање на истиот, информираше денеска раководителот на секторот за комунално уредување во општина Кавадарци, Драган Симоновиќ.
Според него електронската апликација на географско информативниот систем од секој регион навреме преку општинарите, а потоа и граѓаните со едно кликање ќе го потенцира проблемот.Ваквиот начин на информирање пак ќе донесе многу побрзо делување на терен и комунален дефект решен за кратко време, што не било праска до сега, смета Симоновиќ.
Стартувањето на гис проектот и мој општинар реално се очекува да донесат и помалку секојдневни проблеми во делот на несовеснот однесување. Многу помалку девијантни однесувања и подолг век на клупи, жардињерии, мини детски паркови и така натаму. Ако реално знаеме дека секојдневно нашит реон го следи општинско лице, кое со еден клик може да ги алармира надлежните за било какво несовесно однесување или кршење, јасно е дека никој не би посакал да биде во листата на несовесни и казнети.
Милица Младенова
Додади коментар