(ВИДЕО) Од септември во градинка ќе одат сите деца што беа на листа на чекање
20-08-2019 РЕГИОН

Од септември сите деца ќе бидат примени во градинка. Нема повеќе листа на чекање. Се доградија нови занимални, а ќе се гради и нова градинка.

 

Градоначалникот Митко Јанчев на прес конференција истакна дека е посебно горд што Кавадарци го реши големиот проблем што засегаше многу семејства, бидејќи се фаќаа врски за упис во градинка.

 

„Општина Кавадарци е меѓу првите , ако не и единствена општина која целосно го решава проблемот со капацитетот за сместување на деца во детските градинки, е тоа што во тековната  2019 година листата на чекање е 485 дечиња а примени се сите дечиња. На листата на чекање остануваат само дечињата кои се родени 2019 година и немаат полни 9 месеци и дечињата од с.Возарци кои ќе бидат примени кога ќе се заврши реконструкцијата на занималната со капацитет за 30 деца а се очекува да биде готова во месец октомври 2019 година“ информираше Јанчев.

 

 

Во 2016 година листата на чекање била 348 дечиња а примени биле 269 деца, односно примени  77% од децата. Во 2017 година, пак, 411 дечиња чекале прием, а место имало за 309 па така 102 деца останале дома.   Во 2018 година листата на чекање, поради зголемениот наталитет била со  421 дете, биле примени  372 деца, од кои 75 дечиња  згрижени во новиот објект Буба Мара.

 

„ Малиот, незначителен, процент на невработеност во Кавадарци, економскиот развој, интензивното модернизирање на инфраструктурата и движењето на нашата општина во правец кој значи прогресивен напредок,  повлекуваат и обезбедување на услови за развој на младите и згрижување на децата во еден поголем број, односно потреба за поголем капацитет.“ рече Јанчев.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар