(ВИДЕО) Обезбедена локација во Росоман за изградба на 120 типски куќи
26-10-2016 РЕГИОН

120 типски куќи ќе се градат во општина Росоман како дел од проектот купи куќа за млади. Просторот околу поранешно стопанство Душан Кириќ го обезбеди министерството за транспорт и врски, а младите од готовите проекти ќе може да бираат помеѓу три модели на куќи. Инфраструктурата односно комуналното уредување на овој простор ќе биде зафат на локалната самоуправа.

 

Засега интересот е голем информираат од локалната самоуправа. Младите се интересираат за начинот на апликација, местото кое е обезбедено за општината, но и моделот по кој може да градат или избираат.

 

Mилица Младенова

 

 

 



Share

Додади коментар