Новогодишната бајка и годинава е истурена на тезгите кои во сосема поинаков ред и сјај се наоѓаат на градскиот плоштад во Кавадарци. Од овде голем дел од граѓаните се снабдуваат со потребните новогодишни реквизити за празнична бајка да создадат и во својот дом.Изобилуваат украсите, новогодишните светилки, честитките.
Кавадарчани сакаат да имаат убаво украсен дом, но ја забораваат традицијата на испраќање новогодишна честитка, велат ,,тезгаџиите,,.Ако некогаш со радост се чекаше поштарот, сега на него воопшто и не се помислува бидејќи честитки се помалку се употребуваат.
Едно е сигурно смс пораката и електронската честитка ја заменија традиционалната новогодишна хартиена честитка. Искрените желби за здравје и бериќет во новата години кои некогаш се пишеа на новогодишната честитка,која и по недела дена ја очекувавме од поштарот, сега се упатува за само секунда електронски или во смс порака.Порака од било која драга личност секако ќе го згрее нашето срце, но истата многу подолго ќе трае ако се најде заедно со честитката меѓу украсите на новогодишната елка.Иако технологијата оди напред, а со неа и модерниот начин за честитање, не дозволувајте децата да заборават на традицијата.
Една честитка не само што ќе им стопли срце, верувајте искрено ќе ги израдува.
Додади коментар