(ВИДЕО) Нови сто вработувања во Кавадарци за помалку од еден месец
29-05-2017 РЕГИОН

 

Активните мерки за вработување и самовработување ги даваат очекуваните резултати – велат од кавадаречкиот центар за вработување. Многу невработени лица успеале да си обезбедат работно место со подршка од државата, а со тоа директно се намалува број на невработени во Кавадарци – вели раководителот на центарот, Благој Борисов.

 

Една од услугите на Агенцијата за вработување на Република Македонија се саемите за вработување кои претставуваат можност за задоволување на потребаната работна сила за работодавачите, како и можност  за успешно претставување на пазарот на трудот и вработување за невработените лица.

 

Во изминатиот период целосно беше реновирана зградата на кавадаречкиот центар за вработување. Борисов денеска информираше и за овој проект кој е целосно реализиран.

 

А.Д



Share

Додади коментар