(ВИДЕО) Новата градинка во Кавадарци ќе биде пуштена за општинскиот празник 7 ми септември
03-08-2017 РЕГИОН
Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, попладнево на прес конференција информира дека новата градинка која се изгради во дворот на ЈЗУ Здравствен дом ќе биде пуштена во употреба на празникот на Кавадарци, 7 ми септември.
Во градинката ќе бидат згрижени стотина деца, а Панов упати апел до социјал демократите од Кавадарци да лобираат за изградба на нова градинка.
Панов одговарајќи на новинарско прашање околу денешната прес конференција на ОО на СДСМ Кавадарци, дека се исплаќаат заостанати субвенции, го поздрави таквиот потег и нагласи дека тоа се тековни работи за кои владата на ВМРО-ДПМНЕ не држела прес конференции.
А.Д
Додади коментар