Вработените во Фени индустри денеска на мирен протест во кругот на фабриката го искажаа своето незадоволство од состојбите во кој се наоѓа комбинатот.
Додека работниците разговараа пристигна и стечајниот управник Мирослав Анастасиевски. Вработените неговото доаѓање го пречекаа со свирежи и половина час не му дозволија влез во службените простории. Потоа стечајниот управник заедно со директорот на комбинатот, Никола Ризов се упатија кон служебната зграда.
Престедателот на синдикатот Ѓоре Палитов е дециден дека стечај нема да дозволат. Во изјавата за КТВ упати апел до премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев да се вклучат во решавањето на проблемите во Фени.
„Работниците во Фени се крајно револтирани од состојбата во Фени. Утре имаме најавено проетест протест пред филијалите на банките кои го покренаа овој стечај. Апелираме до премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев да не примат на разговор и се надеваме дека ветувањата ќе се реализираат“ рече Палитов.
Според информациите на првиот синдикалец, денешното присуство на стечајниот управник било со цел да утврди од документацијата дали Фени може да продолжи да работи.
„Останува ЕНЕКОД како главен инвеститор. Имаме барање до Кунико, главниот газда на Фени да овозможи двете комапнии кои се заинтересирани да ги достават своите понуди“ рече Палитов и додаде дека на вработените воопшто не им е важно кој ќе биде сопственик, туку дека им е најважно комбинатот да продолжи со работа.
Вработените ги добиле платите и се надеваат дека проблемите наскоро ќе се надминат и ќе им биде исплатена и платата за октомври.
Ангел Данов
Додади коментар