(ВИДЕО) Напредува реновирањето на храмот Свети Димитрија
09-03-2018 РЕГИОН

 

 

Големите градежни активности околу реновирањето на храмот Свети Димитрија во Кавадарци се завршени. Сега ликовни уметници активно работат на фрескоживописот во црквата.

 

Од она што можевме денеска да го погледнеме е дека внатрешниот дел на црквата е значително поширок, бидејќи ги нема повеќе столбовите кои го затвораа просторот. Сегашната внатрешност дозволува присуство на значително поголем број верници.

 

 

 

Од старешината на храмот отец Мартин Деневски бевме информирани дека во наредниот период ќе се работи и на олтарот кој ќе биде изграден од мермер. Исто така тој упати апел до сите верници кои се во можност да се вклучат со финансиска донација во процесот на реновирање на храмот. Донациите можат да се уплаќаат на жиро сметка 300040000150481 во Комерцијална банка.

А.Д

 



Share

Додади коментар