Купишта градежен шут, отпад од домаќинствата, и што ли уште не. Ваква слика ќе ве пречека на пат кон Тиквешкото езеро спроти ХЕЦ „Тиквеш“. Старите навики на кавадарчани, но и други граѓани кои имаат викендици на езерото не завршуваат. И понатаму се фрла отпад на места кои не се за тоа.
Со цел да се подигне еколошката свест и да се променат ваквите лоши навики, денеска младите екологисти од „Еко живот“ заедно со претставници од локалната самоуправа денеска ги расчистуваа овие диви депонии.
Поддршка на акцијата целосно дава локалната самоуправа. Шефот на кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев, Сузана Шалева нагласува дека со ваквите акции ќе се придонесе за почист град.
Претседателот на „Еко живот“ упати апели и до приватните компании кои имаат сопствена механизација да ги помогнат еколошките акции со цел да се расчистат што повеќе депонии.
А.Д
Додади коментар