(ВИДЕО) Мицковски на средба со членството во Кавадарци
01-12-2018 РЕГИОН

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вечерва е на средба со членовите на ВМРО-ДПМНЕ од општинскиот комитет во Кавадарци.

 

Во изјавата за медиумите тој рече дека за прв пат откако е претседател на партијата е во посета на кавадаречкиот комитет. На нашето  прашање дали ќе го разреши актуелниот градоначалник Митко Јанчев од членство во партијата,  избегна да даде конкретерн одговор и кажа дека не биле важни нивните меѓучовечки односи.

 

Најави дека за претседателските избори ВМРО-ДПМНЕ влегувале како фаворит, а уште еднаш обвини дека актуелната власт е виновна за прислушувањето во обвинителството.

“Сега гледаме од каде Заев однапред ги знаел пресудите“ - рече Мицковски и децидно нагласи дека одговорност за прислушувањето мора да има.


А.Д

 

 

 

 



Share

Додади коментар