Градоначалничката функција во општина Кавадарци од денеска и официјално е во рацете на Митко Јанчев, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ кој на гласањето во неделата освои мнозинство гласови. Претходниот градоначалник на Јанчев му посака успешна работа и соработка со советот.
Јанчев се заблагодари на сите граѓани кои му дадоа доверба на изборите и порача дека веќе од понеделник и официјално започнува неговото работење.
Мој општинар е проектот со кој ќе стартува мандатот на новиот градоначалник на Кавадарци.
На примопредавањето на градоначалничката функција претходеше доделување на уверенијата на градоначалникот и новите советници од претседателот на ОИК Зоран Костов.
Носителите на советничките листи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, д-р Виолета Димитрова и Горица Пеливанова Вилхелм во изјавите за медиумите нагласија дека ќе работат во интерес на сите граѓани.
Aнгел Данов

Додади коментар