Без било какви проблеми или инциденти помина прославата на новогодишната ноќ во Кавадарци, ваков е рапортот од надлежните институции. Иако се прославуваше за прв пат дочекот на новата година на не вообичаен начин поради пандемијата со корона вирусот, сепак граѓаните покажаа голема почит на превентивните мерки.
Градскиот плоштад за новогодишната ноќ остана празен, улиците исто така. Повремено се забележуваше по некој автомобил.
Во текот на изминатата ноќ, веднаш по полноќ градоначалникот Митко Јанчев ги посети сите институции во кои дел од вработените беа дежурни. Како благодарност за грижата кон граѓаните,нивното здравје и безбедност им беа подарени пригодни подароци. Беа посетени Противпожарната територијална единица Кавадраци, Брза помош, Општа болница со проширена дејност, Полициска станица и Гранична полиција.
Додади коментар